Во рамки на Државното првенство во кошарка за момчиња во категорија на основни училишта кое се одржа вчера (10.05.2022) во Битола, тимот на ООУ „Петар Поп Арсов“ (општина Карпош), го освои второто место откако со тесен резултат (47:50), го загуби вториот натпревар против тимот на домаќините од ООУ „Кирил и Методиј“.

 

Бидејќи натпреварите се одиграа на принципот „секој со секого“, карпошаните како победници на скопскиот регион, во првиот натпревар ги совладаа своите соперници од Куманово, односно победниците на источниот регион – екипата на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ со резултат 47:40. Третиот меч, битолчани го решија во своја полза, совладувајќи ги своите ривали од Куманово со конечен резултат 36:31.

 

Оттаму, првото место го освои тимот на ООУ „Кирил и Методиј“ – Битола, втората позиција ја обезбедија кошаркарите од ООУ „Петар Поп Арсов“ – општина Карпош, додека пак третото место им припадна на основците од „Крсте Петков Мисирков“ – Куманово.