Седмоодделенецот Андреј Стојановски од ООУ „Димо Хаџи Димов“ е новиот државен првак на училишното Државно првенство во пливање, кое се одржа минатиот четврток (01.06.2017) во Куманово.

Андреј го освои првото место во дисциплините 50 метри „грбно“ и „слободно“, а воедно беше прогласен и за најдобар пливач во категоријата од шесто до седмо одделение.

 

Најдобар пласман на пливачкиот митинг оствари и неговиот соученик Александар Смилановски, освојувајќи двојно злато во дисциплините  50 метри „грбно“ и „краул“. Со „државно злато“ се закити и петоодделенката Јана Милковска, која забележа убедливо најдобар резултат во дисциплината 50 метри „слободно“ и „делфин“. Својата доминација, Јана ја потврди и како рекордер на митингот во својата категорија.