Ученикот  Марко Крстевски, од 7-а одделение, при основното училиште ООУ „ Аврам Писевски“, во населбата Бардовци, го освои второто место на  државниот натпревар по информатика кој се одржа на 24.03.2018 година во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ).

Под менторство на професорката Ана Дионисиева, од овој натпревар, со награда за трето освоено место се здоби и  основката Сара Крстевска, која е ученичка во истото карпошово училиште во  5 –а одделение.  Локалната самоуправа, во континуитет вложува во спортските таленти, талентираните ученици кои се натпреваруваат на државни  и  меѓународни натпревари, и на тој начин ги  поттикнува талектираните ученици и спортисти, професионално да се доедуцираат .