Од пристигнатите барања за субвенционирање на млади лица од Карпош за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола, кои денеска (среда 29.06.2022) ги разгледуваше Комисијата за доделување на субвенции при локалната самоуправа, утврдено е дека уште 16 нови кандидати ги исполнуваат критериумите за добивање на финансиска поддршка за оваа намена. Според ажурираните податоци, досега 79 кандидати  ги исполнуваат критериумите кои се пропишани во Јавниот повик кој го распиша Општина Карпош.

Во таа насока ја објавуваме листата на новите кандидати за кои денеска (среда 29.06.2022) беше утврдено дека ги исполнуваат условите за добивање субвенции  за млади лица од Карпош, кои ќе можат да  посетуваат обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола (Б категорија):

 

 

Р.Б

 

Име и презиме: Број на пријава:
1 Андреј Трпковски 11-5279/1
2 Бојан Малиновски 11-5407/1
3 Кристијан Христов 11-5401/1
4 Вероника Илиоска 11-5422/1
5 Огнен Јосифовски 11-5324/1
6 Калина Филевска 11-5418/1
7 Андреј Филевски 11-5419/1
8 Вања Тасева 11-5431/1
9 Влатко Поповиќ 11-5429/1
10 Коста Зиковски 11-5433/1
11 Стефан Илиоски 11-5440/1
12 Бојан Столевски 11-5449/1
13 Ивана Станковска 11-5454/1
14 Бисера Василевска 11-5447/1
15 Ненад Суботиќ 11-5456/1
16 Давид Стојановски 11-5446/1

 

Оттука, кандидатите кои се наведени во оваа листа, можат да изберат една автошкола (од посочените во Јавниот повик), со што преминуваат во втората фаза од постапката. Во оваа пригода ги информираме граѓаните дека листата на кандидати кои ги исполнуваат критериумите за добивање на субвенции, ќе биде редовно ажурирана сé додека не се исцрпат средствата за оваа намена.