Вчеравечер, присутните можеа да ги погледнат уметничките дела, кои сликарите
од ликовниот хепенинг во текот на денот ги насликаа. Голем број на уметници ,
од многу земји како: Германија, Франција, Велс, Романија, Бугарија, Унгарија,
Индија, како и домашни акварелисти , создадоа прекрасни сликарски дела.
Претседателот на комисијата за култура Горан Михајлов им додели благодарници
на уметниците кои ги создадоа овие прекрасни уметнички творби.
– Ми претставува голема чест и задоволство, што врвни уметници како од

соседните земји, така и од други земји од европскиот континент и Индија вечерва се присутни со нас на ова културно збиднување. Тоа е доволен доказ дека Карпошовото кулутрно лето веќе претставува своевиден културен бренд, кој низ годините растеше, и денес е познат надвор од границите на нашата држава, потенцираше Михајлов. Оваа вечер, жителите на Карпош, на платото во Т Ц „ Лептокарија“ уживаа во
спојот меѓу добриот хумор и врвната сликарска уметност.