По завршувањето на Јавниот повик за доделување спортски стипендии за талентирани спортисти – жители на Општина Карпош, доделени се спортски стипендии за ученици од VIII и IX одделение за учебната 2026/2027 година.

 Спортските стипендии од Прва категорија изнесуваат 3.500 денари месечно и се доделуваат за период од осум месеци во текот на учебната година.

Спортските стипендии од Втора категорија изнесуваат 3.000 денари месечно и се доделуваат за период од осум месеци во текот на учебната година.

 Списокот на добитници на спортските стипендии за 2026 година можете да го погледнете на следниот линк: https://shorturl.at/usWM6

 Со доделувањето на спортските стипендии, Општина Карпош продолжува со поддршката на младите спортски таленти и нивниот развој, особено на учениците кои со своите индивидуални спортски резултати се издвојуваат на национално и репрезентативно ниво.