Вчера попладне во ООУ „Владо Тасевски“ се реализираше вториот работен дел од едукативниот проект „Добри практики – синоним за успешност“.

Во присуство на родители и одделенски професори – учесници во проектот кој е дел од активностите на Општина Карпош во областа на образованието, се говореше на повеќе теми.  Сите општински основни училишта преку избрани презентери од сопствените училишни тимови ги релизираа своите презентации кои се однесуваат на примената на современите методи во училишната настава, подразбирајќи учење преку игра, развој на креативноста и проектни задачи.

Активните учесници во проектот демонстрираа позитивни практики за застапеноста на надгледни средства и соодветна литература за реализација на наставниот процес, организирање на разни вон – наставни активности, (спортски, културни и хуманитарни манифестации, приредби, квизови и сл.). Покрај предлозите за подобрување на хигиената во образовните институции, се говореше и за почитување на индивидуалните потреби на разните групи на ученици во наставата, каков што е пристапот со надарените ученици и учениците со тешкотии во учењето.