Почитувани, Ве покануваме на третата Форумска сесија,  од ПРОЕКТНИОТ ФОРУМ  во Општина Карпош, која ќе се одржи на 11-ти април (вторник), 2023 година, со почеток во 18:00 часот, во зградата на ООУ „Лазо Трповски“, кое се наоѓа на ул. Радика, бр. 9 (Карпош III), Скопје.

Oпштина Карпош, во периодот на месец март и април 2023 година,   реализира ПРОЕКТЕН ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА, со цел партиципативно и  транспарентно донесување одлуки во општината заедно со граѓаните.

Форумот во заедницата е дел од компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој општината го реализира во партнерство и со финанасиска подршка на Швајцарската влада (Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC), Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.

За сите дополнителни информации во врска со форумските сесии, лице за контакт е Координаторот на проектот Ивана Ордевска – тел. 078 486 962 и email: ivana.ordevska@karpos.gov.mk.

          ДНЕВЕН РЕД 

18:00 -18:15

-Добредојде на присутните, претставување на дневниот ред и целите на  третата форумска сесија

18:15 -18:30

-Преглед на претходната сесија и работата меѓу сесии

18:30 -18:50

-Презентација на  предлог проект (1) – Соларни панели на малите  буџетски корисници 

  Дискусија (коментари, предлози и препораки)

18:50 -19:10

-Презентација на предлог проект (2) – Модерен училишен спортски центар во ООУ   Петар Поп Арсов                                                                 

 Дискусија (коментари, предлози и препораки)

19:10 -19:30

– Презентација на предлог проект (3) – Реконструкција на  спорската сала во  ООУ „Лазо Трповски“,Карпош 3

Дискусија (коментари, предлози и препораки)

19:30 -19:50

Пауза

 

19:50 -20:10

  • Презентација на предлог проект (4) – Изградба на сензорна соба во градинките – Дискусија (коментари, предлози и препораки)

 

20:10 – 20:30

Презентација на предлог проект (5) – Лаборатории во кабинетите по Билогија

Дискусија (коментари, предлози и препораки)

 

 

20:30 – 21:00

– Презентација на правилата за избор на проекти

-Оценка на форумската сесија и договор за следни чекори