Во четврток (9. 12.2021) ќе се оддржи втората седница на Советот на Општина Карпош  со почеток во 12.30 часот.

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Факултетот за туризам и менаџмент Скопје.

За седницата се предлага следниот

ДНЕВЕН РЕД

  • Усвојување на Записникот од 1 (конститутивна) седница на Советот на Општина Карпош
  1. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештај на Комисијата за прашања на верификација, мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Карпош со Предлог за верификација на мандатот на член на Советот на Општина Карпош
  2. Предлог-Одлука за утврдување на надоместок на членовите и Претседателот на Советот на Општина Карпош за присуство на седници на Советот
  3. Предлог-Одлука за давање согласност за спогодбено преземање на административен службеник
  4. Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување финансиски средства на “Прв Скопски извиднички одред” за изготвување и реализација на проектот од областа на животната средина, природата и енергетската ефикасност “Карпош е атрактивен”
  5. Предлог-Одлука за давање согласност за прифаќање донација од Фондот за иновации и технолошки развој за доделување награда на истражувачки проекти во рамки на „Предизвикот за млади истражувачи 3“( со компостирање на помалку отпад)
  6. Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2021 година
  7. Предлог-Одлука за давање согласност за кофинансирање на проектот „Реконструкција на улица Варшавска-урбана заедница Тафталиџе 1“
  8. Предлог-Одлука за утврдување на надомест за градежно-земјани работи при изведба на прекопи за подземни инсталации
  9. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за домашно долгорочно задолжување во рамки на Вториот проект „За подобрување на општинските услуги МСИП 02“
  10. Предлог-Одлука за давање согласност за користење на грант средства од МСИП 2-проект за изведба на проектот за „Набавка на комбиниран ровокопач-натоварувач“ за потребите на Општина Карпош
  11. Предлог-Одлука за давање согласност за кофинансирање на Проектот „Набавка на комбиниран ровокопач-натоварувач“ за потребите на Општина Карпош
  12. Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување финансиска поддршка за реализација на проектот Илинденски марш 1978
  13. Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Фудбалски Клуб Локомотива Бентонекспорт
  14. Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Здружение на граѓани фудбалски клуб ,,Локомотива Бентоекспорт“-Скопје
  15. Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Друштво за угостителство, промет и услуги Фан Тенис ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
  16. Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Друштво за угостителство,промет и услуги Фан Тенис ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
  17. Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Пливачки клуб Бета Шаркс
  18. Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Кошаркарски клуб Водњански Лисици-Скопје
  19. Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Кошаркарски клуб Водњански Лисици-Скопје
  20. Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Кошаркарски клуб Водњански лициси Скопје
  21. Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Пливачки клуб Карпош
  22. Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Здружение кик бокс клуб Про Кик Каринг
  23. Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Ски клуб Меденица
  24. Предлог-Одлука за поништување на Решението за исплата на средства за реализација на проектот „Креативен центар Карпош“
  25. Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување финансиска поддршка за промоција и популаризација на кошакрката во Македонија 3×3 баскетбол
  26. Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување финансиска поддршка за реализација на проектот за изградба на велосипедска патека
  27. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2021 година
  28. Предлог-Одлука за одобрување на средства за набавка на еколошки и дидактички материјали и играчки за децата од предучилишните установи
  29. Предлог-Одлука за одобрување на средства на лица со попреченост од подрачјето на Општина Карпош по повод 3-ти декември – Денот на лицата со попреченост
  30. Предлог-Решение за именување-верификација на членови од редот на Советот на Општина карпош во Комисијата за еднократна парична помош
  31. Предлог-Одлука за давање согласност за потпишување Договор за соработка за поддршка на Проектот „Инклузија на деца роми во јавните општински установи-детски градинки“ во Република Северна Македонија за календарска 2021 година
  32. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2021 година