Дневен ред за 2-ра Седница на Совет на Општина Карпош
- декември 6, 2021
- 0
Во четврток (9. 12.2021) ќе се оддржи втората седница на Советот на Општина Карпош со почеток во 12.30 часот.
Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Факултетот за туризам и менаџмент Скопје.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на Записникот од 1 (конститутивна) седница на Советот на Општина Карпош
- Предлог-Заклучок за усвојување на Извештај на Комисијата за прашања на верификација, мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Карпош со Предлог за верификација на мандатот на член на Советот на Општина Карпош
- Предлог-Одлука за утврдување на надоместок на членовите и Претседателот на Советот на Општина Карпош за присуство на седници на Советот
- Предлог-Одлука за давање согласност за спогодбено преземање на административен службеник
- Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување финансиски средства на “Прв Скопски извиднички одред” за изготвување и реализација на проектот од областа на животната средина, природата и енергетската ефикасност “Карпош е атрактивен”
- Предлог-Одлука за давање согласност за прифаќање донација од Фондот за иновации и технолошки развој за доделување награда на истражувачки проекти во рамки на „Предизвикот за млади истражувачи 3“( со компостирање на помалку отпад)
- Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2021 година
- Предлог-Одлука за давање согласност за кофинансирање на проектот „Реконструкција на улица Варшавска-урбана заедница Тафталиџе 1“
- Предлог-Одлука за утврдување на надомест за градежно-земјани работи при изведба на прекопи за подземни инсталации
- Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за домашно долгорочно задолжување во рамки на Вториот проект „За подобрување на општинските услуги МСИП 02“
- Предлог-Одлука за давање согласност за користење на грант средства од МСИП 2-проект за изведба на проектот за „Набавка на комбиниран ровокопач-натоварувач“ за потребите на Општина Карпош
- Предлог-Одлука за давање согласност за кофинансирање на Проектот „Набавка на комбиниран ровокопач-натоварувач“ за потребите на Општина Карпош
- Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување финансиска поддршка за реализација на проектот Илинденски марш 1978
- Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Фудбалски Клуб Локомотива Бентонекспорт
- Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Здружение на граѓани фудбалски клуб ,,Локомотива Бентоекспорт“-Скопје
- Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Друштво за угостителство, промет и услуги Фан Тенис ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
- Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Друштво за угостителство,промет и услуги Фан Тенис ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
- Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Пливачки клуб Бета Шаркс
- Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Кошаркарски клуб Водњански Лисици-Скопје
- Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Кошаркарски клуб Водњански Лисици-Скопје
- Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Кошаркарски клуб Водњански лициси Скопје
- Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Пливачки клуб Карпош
- Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Здружение кик бокс клуб Про Кик Каринг
- Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиска поддршка на Ски клуб Меденица
- Предлог-Одлука за поништување на Решението за исплата на средства за реализација на проектот „Креативен центар Карпош“
- Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување финансиска поддршка за промоција и популаризација на кошакрката во Македонија 3×3 баскетбол
- Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување финансиска поддршка за реализација на проектот за изградба на велосипедска патека
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2021 година
- Предлог-Одлука за одобрување на средства за набавка на еколошки и дидактички материјали и играчки за децата од предучилишните установи
- Предлог-Одлука за одобрување на средства на лица со попреченост од подрачјето на Општина Карпош по повод 3-ти декември – Денот на лицата со попреченост
- Предлог-Решение за именување-верификација на членови од редот на Советот на Општина карпош во Комисијата за еднократна парична помош
- Предлог-Одлука за давање согласност за потпишување Договор за соработка за поддршка на Проектот „Инклузија на деца роми во јавните општински установи-детски градинки“ во Република Северна Македонија за календарска 2021 година
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2021 година