Изминативе денови, во градинката  „Мајски цвет“ се одржа хуманитарна изложба, во којашто вредните рачиња на дечињата изработија есенски цртежи и  беа изложени пред очите на јавноста. Поттикот за оваа хумана акција, дечињата го добија од своите учителки, а со задоволство помош им пружија студентите од педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски”. Уште еднаш се покажа хуманоста на децата од Општина Карпош за својот сожител. Лаптоп и останатите подароци од хуманата акција на дечињата од градинката, ги израдуваа Ѓорѓи и неговата мајка.