По  повод  Светската недела на  децата, која традиционално се одбележува  првата седмица од  октомври секоја година, денеска, дечиња од градинката „ Пролет“ во Карпош беа во посета на фирмата „ Ла Пласт“.

Дечињата играа и се рекреираа на реквизитите кои се наоѓаат во дворот на оваа фирма,. Во истата пригода дечињата имаа ја искористија можноста да ја посетат и  мини – зоолошката градина  која се наоѓа во  непосредно опкружување на објектот на фирмата.

 Во рамки на „детската недела“, утре, во градинката „Пролет“, на  „гости“ дечињата ќе пречекаат стоматолот, додека во петок, во оваа предучилишна  установа  ќе се одржи театарска претстава.