Природонаучниот музеј на Република Северна Македонија денеска одбележува 100 години постоење, век исполнет со посветеност на науката, образованието и зачувувањето на природното наследство.

По повод големиот јубилеј, петтоодделенците од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, го посетија музејот и имаа можност преку интерактивна и практична настава да се запознаат со богатото природно наследство на нашата земја.

Градоначалникот Лукровски истакна дека учењето не треба да се одвива само во училишните клупи, туку и преку непосредно искуство, истражување и запознавање со природата и културно-научното наследство.

„Нашите деца се идните чувари на природата. Затоа е важно уште од најмала возраст да им овозможиме знаење, искуство и љубов кон животната средина“, посочи градоначалникот. Посетата се реализира во рамки на Меморандумот за соработка меѓу Општина Карпош и Природонаучниот музеј, чија цел е унапредување на образовниот процес и создавање повеќе можности за практична и интерактивна настава.

 100 години музеј, а најубавиот подарок за јубилејот – детската љубопитност, знаење и насмевки.