Денеска учениците од четврто одделение од ООУ ,, Лазо Трповски’’ , беа во посета на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски и претседателот на Советот на Општина Карпош Сашо Лазаровски. Целта на оваа средба  е директното запознавање со функционирањето на локалната самоуправа, како наставна содржина која се изучува по предметот ,, Општество’’. 

Првиот човек на Општината и претседателот на Советот, одговарајќи на поставените прашања, на учениците од ,, Лазо Трповски’’ им го објаснија начинот на функционирање на локалната самоуправа, нејзините надлежности и историјатот на Општината.

 

На крајот од работната средба, Јакимовски им порача на четвртоодделенците да се занимаваат со спорт и спортски активности и со упорност и цврста волја да работат и да веруваат во својот успех, за еден ден да прераснат во успешни репрезентативци.