По повод  деновите на Детската недела, денеска дечиња од ЈОУДГ „ Орце Николов“ беа во посета на Општина Карпош. Дечињата од воспитните групи на оваа детска градинка им поделија цртежи со хумани пораки на вработените во локалната самоуправа.
Неделата на децата се одбележува  секоја година, во првата седмица од месец октомври. Децата од градинките во Општина Карпош ја одбележуваат со рекреативни, културни и воспитно-образовни настани.