Вчера, основците од сите училишта на територија на Општина Карпош, со низа еколошки акции го одбележаа Денот на пролетта или Денот на екологијата.

Учениците садеа цветни насади, нацртаа разновидни цртежи преку кои испратија порака за зачувување на животната средина  и за  почиста околина.