Започнувајќи од денеска, учесниците во сообраќајот ќе мора да се прилагодат кон новиот сообраќаен режим кој ќе важи на потегот од почеток на ул. Прашка до ул. Дамаска. Станува збор за пренасочување на досега двонасочниот сообраќаен режим во еднонасочен.

По тој повод, деновиве беше обележана нова хоризонтална сигнализација а денеска по должина на коловозот беше поставена и нова вертикална сообраќајна сигнализација. Во оваа пригода, Општина Карпош апелира до сите лица кои управуваат со моторни возила да се придржуваат кон пропишаните правила и прописи, со цел поголема безбедност на пешаците и учесниците во сообраќајот.