Пред  споменикот „ Ослободители на Скопје“, по повод 75-  годишнината од ослободувањето на нашиот главен град Скопје, делегација од Општина Карпош предводена од претседателот на Советот на Општината Андреј Манолев и членовите на  советот Филип Даскаловски и Емилија Ризеска- Спасова положија свежо цвеќе. На  манифестацијата по повод овој значаен историски датум, положија цвеќиња и оддадоа почит и голем број на претставници на Владата на Република Северна Македонија, претставници од локалните самоуправи кои се составен дел на Градот Скопје, здруженија на граѓани и други.

Претседателот на Сојузот на Борците Д-р Трајко Стаматовски ја истакна важноста од овој историски настан, во  кој  илјадници жртви   несебично го  положиле животот , за денеска ние да живееме во слободно Скопје. Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, исто така ја нагласи несебичната жртва на борците од Народноослободителната борба и придобивките од слободата која нашите генерации денес ја живеат и ја уживаат, напоменувајќи дека борбата на нашата генерација е да изградиме еден европски, просперитетен и функционален град за сите граѓани.