ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА КАРПОШ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ДЕНОТ НА ОПШТИНА ВРЊАЧКА БАЊА
- јули 15, 2026
- 0
По повод Денот на Општина Врњачка Бања, делегација од Општина Карпош, предводена од градоначалникот Сотир Лукровски, присуствуваше на свеченото одбележување на празникот.
Упатуваме искрени честитки до раководството и граѓаните на нашата збратимена Општина Врњачка Бања, со желби за понатамошен развој, успех и благосостојба.
Оваа посета претставува уште една потврда за цврстото партнерство и продолжувањето на соработката меѓу двете збратимени општини.
Во наредниот период ќе продолжиме да ја унапредуваме соработката преку размена на искуства, добри практики и реализација на заеднички активности и проекти во повеќе области, во интерес на граѓаните на двете локални самоуправи.









