По повод одбележувањето на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, делегација од општина Карпош сочинета од Зоран Краљевски, Благица Цветановска и Давор Грче,  денеска положи цвеќе и се поклони пред Споменикот на ослободителите на Скопје. Претходно, во чест на празникот, делегацијата положи цвеќе и на Партизанските гробишта во Бутел, како и на вечното почивалиште на генерал Михајло Апостолски.