Градоначалникот Стевчо Јакимовски, денеска во својот кабинет ги прими членовите на четирите делегации на збратимените општини, Врњачка Бања, Тиват, Травник и Сремски Карловци, кои деновиве престојуваат во општина Карпош, по повод одбележување на 46 годишнината од основањето на локалната самоуправа.  

На средбата, присутните развија конструктивна дискусија, при што разменија корисни искуства кои ги зајакнуваат пријателските односи и соработката помеѓу збратимените општини. Притоа, на состанокот стана збор и за досегашните институционални практики кои ги применуваат одговорните лица во општините,  кои од друга страна можат да влијаат на позитивниот економски развој во рамки на локалните самоуправи.

Во таа насока, градоначалникот Јакимовски им врачи пригодни подароци на претставниците од збратимените општини, во вид на репрезентативен материјал од Општина Карпош.