Интензивно се мие и дезинфицира пред фреквентните места, маркети, аптеки, пазарче и банки во Општина Карпош.

Активно работат четири цистерни, две на локалната самоуправа и две – донација од компаниите „Анизор“ и „Гранит“.

 

Денеска, се миеја површините околу пазарчето во Тафталиџе, како и пред влезовите на сите околни маркети на овој потег, но и во другите населби.

 

Целта е да се дезинфицира просторот каде што е присутна поголема фреквенција од граѓаните.

 

Ги повикуваме сите граѓани да се придржуваат до препораките за заштита од коронавирус. Да го почитуваат полицискиот час и навремено и точно да се информираат за сите дополнителни мерки преку официјалните канали за комуникација на институциите.