Во финалниот дуел кој се одигра денеска во спортскиот „балон“ на С.Ц „Форца“, основците од „Петар Поп Арсов“ извојуваа триумф над своите ривали од ООУ „Вера Циривири Трена“ и го освоија фудбалскиот училишен Куп на Општина Карпош за 2016 година.

                        До победата, овогодинешните шампиони дојдоа преку солидната одбрана која ја организираа на својата половина, а воедно,  контранападот беше нивното најсилно „оружје“ со кое, во првото полувреме обезбедија комотна предност од 3:0, што се покажа како конечен резултат.

                        Со оглед на тоа што само пред два дена, девојчињата од ова училиште го освоија одбојкарскиот Куп, денешниот успех на момчињата им ја донесе двојната спортска круна на ООУ „Петар Поп Арсов“.  Утре напладне во С.Р.Ц „Борис Трајковски“ ќе се одигра финалето во кошаркарскиот училишен Куп на Општина Карпош, каде силите на паркетот ќе ги одмерат основците од „Димо Хаџи Димов“ и „Петар Поп Арсов“. Меѓу останатото, ова ќе биде ретка можност во која „Поп Арсовци“ ќе можат да атакуваат кон третиот трофеј оваа година.