Направени се две нови пристапни улици – краци на ул. „Варшавска“ во Тафталиџе 1. Првата улица е во должина од 120 метри и широчина од 3, 5 метри, а втората улица е со 90 метри должина и 4,5 метри широчина.

Станува збор за улици кои овозможуваат подобар и побезбеден пристап за граѓаните кои живеат во колективните станбени објекти во овој дел од населбата.

Минатата година, Општина Карпош целосно ја реконструираше и главната сообраќајница, улицата „Варшавска“, при што беше поставена и нова водоводна и фекална мрежа. Исто така, со поддршка од Министерството за транспорт и врски се предвидува и реконструкција на улицата „Париска“ која се граничи со упте две поголеми улици во овој дел и тоа „Варшавска“ и „Прашка“.

Овој потег беше еден од најпогодените од непланската урбанизација. Зголемената густина на население придонесе и за проблеми во јавната хигиена, паркирањето и пристапноста.

Локалната самоуправа продолжува со секојдневни активности да работи на намалување на урбанистичката штета во овој дел од Карпош. Редовно се мијат улиците со цистерни, се прават пристапни патеки, а се обновува и зелениот појас во населбата.