Денеска, надлежните медицински служби (матичните лекари) преку родителите, ја известиле детската градинка „Пролет“ во Општина Карпош, која се наоѓа во населбата Козле, дека две дечиња кои престојуваат во  нивната установа се заболени со вирус „коксаки“. Управата на градинката „Пролет“  веднаш го известила Центарот за јавно здравје, Одделението за епидемиологија, по што, е извршена дополнителна дезинфекција во групите  каде што престојуваат децата, како и во другите простории на објектот.

  Преземени се сите мерки неопходни при  вакви случаи. Покрај тоа,  превентивно,  според Протоколот, медицинско лице – специјалист, изврши прегледи и врз останатите деца и е констатирано дека „коксаки“ вирусот  не е проширен кај другите дечиња. Престојот во градинката се одвива без прекин, со вообичаената динамика, и без дополнителни препреки.

 Освен тоа,  во текот на изминатата недела, Општина Карпош спроведе тековна,  пролетна дезинфекција на сите градинки на територија на Општина Карпош.