Денеска ( понеделник) со почеток во 14.00 часот ќе се оддржи дваесет и девета седница на Советот на Општина Карпош.

ДНЕВЕН РЕД

 

  • Усвојување на Записникот од дваесет и осмата седница на Советот на Општина Карпош

 

  1. Предлог-Одлука за давање согласност на Правилникот за поблиските услови, начинот на продажба на сопствени производи и услуги на ЈУОДГ „Мајски Цвет“;
  2. Предлог-Решение за давање согласнoст на измената на Годишниот план за вработување за 2019 година на општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“, Општина Карпош-Скопје;
  3. Предлог-Решение за давање согласнсот на измената на Годишниот план за вработување за 2020 година на општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“, Општина Карпош-Скопје;
  4. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2019 година до 30.09.2019 година;
  5. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2019 година;
  6. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање за 2019 година и
  7. Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за одобрување финансиска поддршка на КОШАРКАРСКИ КЛУБ СПАРТА
  8. ПОЈАСНУВАЊЕ:ТОЧКА 1 – Предлог-Одлука за давање согласност на Правилникот за поблиските услови, начинот на продажба на сопствени производи и услуги на ЈУОДГ „Мајски Цвет“,Потребата за свикување вонредна седница произлезе од иницираната соработка помеѓу Министретсво за финансии на Република Северна Македонија и ЈУОДГ „Мајски Цвет“ во врска со вршење на подготовка и достава на храна за децата во детската градинка „Мини Фини Буџетчиња“ од страна на ЈУОДГ „Мајски Цвет“. Договорот треба да се потпише најдоцна до 28.10.2019. Потпишувањето на истиот е условено со предходно добивање согласност на Правилникот за поблиските услови, начинот на продажба на сопствени производи и услуги на ЈУОДГ „Мајски Цвет“ Скопје од Советот на Општина Карпош. ТОЧКА 7 – Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за одобрување финансиска поддршка на КОШАРКАРСКИ КЛУБ СПАРТА бр.09-7197/9 од 17.10.2019 гидна е предложена за рагледување и усвојување на 29 седница на Советот врз основа на Службена белешка бр.09-7197/21 од 18.10.2019 објавена во Службен гласник број 18. Имено, во усвоената Одлуката за одобрување финансиска поддршка на КОШАРКАРСКИ КЛУБ СПАРТА е направена техничка грешка во одобрениот финансиски износ од 300.000,00 денари. Со предложената измена финансискиот износ е во висина од 200.000,00 денари. 

Седницата на Советот ќе се одржи во Сала за состаноци во просториите на У.З.„Кузман Јосифовски Питу“ и У.З. „Пецо  Божиновски Кочо“, улица Стрезово бр.7.