Денеска, Општина Карпош ги изведе завршните работи околу асфалтирањето на ул.„Даскал Камче“ во „Карпош 1“. Инаку денеска, се асфалтираше површина од улицата од 360 метри квадратни, односно коловоз во должина од 120 метри и ширина од 3 метри. Исто така ќе се асфалтираат и уште 30 метри во должина од улицата „Гиго Михајловски“ која ги спојува улиците „Даскал Камче“ со „Бранислав Нушиќ“.

На оваа улица е извршена целосна реконструкција, од промена на подлогата и поправка на оштетените рабници, до целосно нов асфалт на коловозот. Со ова продолжува инфраструктурното зајакнување на улиците низ Карпош за поголема безбедност на возачите, како и за безбедно движење на граѓаните.