Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, како претставник на локална самоуправа која води исклучителна грижа за децата, како најчувствителна популација, денеска во City Hall, присуствуваше на финалната  конференција на проектот на СОС Детско Село Македонија – „Интервентна поддршка во Македонија“.

                        Преку овој проект Здружението на граѓани СОС Детското село Македонија кое се наоѓа на територијата на Карпош, (кое пак претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал“), денеска ги сумираше и презентираше  завршните резултати од своите активности за време на бегалската криза која траеше во периодот од 2015 до 2017 година.

Во тоа времетраење, како ште беше кажано на Конференцијата, низ Македонија минаа околу 900 илјади бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан, од кои 580 илјади биле деца, млади девојки или мајки со деца.

                Со дузина свои активности,  под мотото „Се грижиме за секое дете“, СОС Детско Село Македонија се обиде да пружи згрижување и поддршка за потребите на оваа чувствителна група граѓани кои се најдоа во голема хуманитарна криза при што им обезбеди нужна медицинска, воспитна, психолошка и згрижувачка помош во текот на 24 часа.

Општина Карпош, на која  децата и се во нејзините врвни приоритети преку сите форми на директна или индиректна соработка со вакви асоцијации и здруженија, но и преку своите програми и активности прави максимални напори децата да ја  почувствуваат поддршката и заштитата која им се пружа преку институциите во остварувањето на  овие хумани општествени цели.