Во чест на големиот светец Атанасиј Велики, денеска, карпошани го одбележаа големиот празник со богата  трпеза.  На овој голем ден, жителите на населбата  Злокуќани, го  чествуваат христијанскиот празник  со посебна црковна церемонија и поставување на традиционална трпеза. На манифестацијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој во оваа пригода им го честита верскиот празник и им посака добро здравје среќа и успех на сите граѓани. Овој верски празник го чествуваат и жителите од населбите Влае и Жданец.