Градоначалникот Стевчо Јакимовски вчера оствари средба со претставници од синдикалните организации на општина Карпош и гранковиот синдикат на УПОЗ во состав Гордана Максимовска претседател на Синдикалната организација на Општина Карпош, Александар Симоновски заменик претседател, Трпе Дејановски претседател на гранковиот синдикат на УПОЗ и Бојан Трипуновски генерален секретар. На средбата се разговараше за спроведувањето на колективниот договор и за проблемите настанати со покачувањето на минималната плата, односно со нејзината верижна реакција кај останатите вработени. Беше договорено да се изнајде решение кое ќе биде најповолно за вработените имајќи ја предвид оскудната финансиска состојба на Општина Карпош.