Првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска во својот кабинет оствари работна средба со градоначалникот на Општина Пустец (Албанија), Пали Колефски. Во рамки на состанокот се говореше за актуелната состојба во двете локални самоуправи, како и за секојдневните предизвици со кои се соочуваат општинските служби. 

 

Притоа, двајцата градоначалници разменија позитивни искуства од областа на културата, екологијата и локалниот економски развој,  во насока на подобрување на животните услови на своите сограѓани.