Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска имаше средба со Амбасадорот на Франција, Н.Е.Г. Сирил Бомгартнер.

На средбата амбасадорот Бомгартнер побара поддршка од општината за поголема промоција на францускиот јазик во Македонија при што го запозна градоначалникот Јакимовски со акцискиот план за заживување на наставата по француски јазик во рамки на проектот на Министерството за надворешни работи и Европа на Франција во образовните системи на земјите од Западен Балкан.

Градоначалникот Јакимовски истакна дека има особена почит кон францускиот јазик, култура, историја  и народ, како и дека општина Карпош дава силна поддршка на оваа регионална заложба.