Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на покана на градоначалникот на Општина Биоград на Море, Иван Кнез, престојува во официјална посета на оваа позната туристичка Општина во Република Хрватска.

Во оваа пригода Јакимовски беше гостин и на свеченото отворање на реномираниот фестивал „Гастро стол“, на кој присуствуваше и хрватскиот министер за туризам Антун Климан. 

Двајцата градоначалници ја искористија средбата и за размена на искуства во функционирањето на двете пријателски самоуправи и зголемување на ефикасноста на локалните администрации. Биоград на Море е Општина со 5.600 жители, а годишно има 1.300.000 туристички ноќевања. На годинешнава манифестација „Гастро стол“ има повеќе од 1000 изложувачи на храна и пијалоци. Договорено е идната година и Општина Карпош да има свои изложувачи на оваа реномирана манифестација.