По повод 73 годишното постоење на детската градинка „Орце Николов“ Карпош, Скопје, децата од 5 до 6 годишна возраст, од објектот Карпош 3, на 1.03.2018 година одржаа приредба и ѝ го честитаат роденденот на својата градинка.

На приредбата беа присутни голем број родители, баби, дедовци и членови на потесните семејства кои со задоволство ја следеа приредбата и се забавуваа заедно со своите најмили. Роденденот на градинката во присуство на родителите ќе биде одбележан и во објектите Карпош 2 и Карпош 4.