Како што информиравме пред дваесеттина дена(поточно на 30.10.2017) година, комунални и градежни инспектори на  Општина Карпош започнаа со контрола на неколку поголеми градилишта на територија на Општината со цел да  се направи увид колку се почитуваат правилата за градба и заштитата на околината околу објектите.

Кај објектите кај коишто е извршен вонредниот увид, констатирано е дека кај сите исконтролирани градби оградувањето зафаќа и дел од јавната сообраќајна површина. Со тоа директно се создаваат потешкотии за безбедно движење на пешаците, се отежнува сообраќајот по коловозите и се создава шут во близина на други објекти на што реагираа граѓаните, но и општинските служби.

После извршениот увид, за еден инвеститор на ул. Лондонска е изречена прекршочна санкција во износ од 4 илјади евра во денарска противредност (за првното лице и 30 од истата за одговорното лице), додека друг инвеститор на ул. Лондонска веќе постапил согласно дадениот налог и укажувања.

За два инвеститори на улица “Варшавска сеуште тече рокот за отстранување на утврдените неправилности.