На 26.02.2018 година, се изврши избор  на претседател и членови на Извршниот одбор на Синдикалната организација на Општина Карпош.

Од вкупно заведени 173 членови на Синдикатот,  гласаа 125 члена, со таен изборпри гласањето, на две посебни гласачки ливчиња. По затворањето на гласањето, тричлената комисија изврши пребројување на гласачките ливчиња, при што се добија следниве резултати:

За нови членови на Извршниот одбор беа избрани:

  1. Весна Стефанова,
  2. Ива Зафировска,
  3. Миле Стевков и
  4. Александра Теова.

Во „трката“за претседател, со мнозинство на гласови од членовите на Синдикалната организација, победата „ја однесе“ Гордана Максимовска, додека за заменик претседател беше избран Александар Симоновски.

Со предходното раководство, во декември 2017 година,  беше потпишан колективниот договор за административните службеници и другите вработени во Општина Карпош. Овој трипартитен договор треба да им обезбеди повеќе права на вработените во Карпош, дури од оние кои се пропишани со Закон.

 Општината за прв пат склучи ваков договор со кој ќе се унапредуваат правата на работниците во оваа локална самоуправа и тоа во повеќе делови: додатоци на плати, регрес за годишни одмори, додатоци на плата, користење на слободни денови  и сл. Колективниот договор можете да го прoчитате на следниов линк

https://karpos.gov.mk/Upload/Editor_Upload/Kolektiven%20dogovor%20(konecen).pdf