Денеска, четврток ( 07. декември) и сабота ( 09. дeкември), во Општина Карпош ќе се спроведе големата акција на чистење на Општината, која ја иницираше и  е во соработка со Градот Скопје, и сите јавни претпријатија кои се под негова ингеренција.

 

Со севкупна механизација, и значителни човечки ресурси од Градот и Општината, на пет локации низ локалната самоуправа, ќе се расчистува шутот,  т.н  мини депонии,  сметот и лисјата.

Станува збор за расчистување на  локацијата позади  етноресторанот „Македонска куќа“ ( кај контејнерите), под мостот  Газела , од страната на населеното место Злокуќани, мостот кај вливот на Лепенец во Вардар, во Жданец, на ул. Теодосија Синаитски, каде што ќе се отстрануваат камења и шут, како и каналот  за одвод на атмосферски води меѓу Трнодол и Жданец.

 

 Во акцијата на чистење на Карпош ќе бидат вклучени  ЈП „ Паркови и зеленило“, со шест специјализирани возила, кои ќе ни помогнат во транспортот на лисјата. ЈП „ Улици и патишта“, ќе работат на крпење на ударните дупки, како по големите градски улици, така на станбените и сервисните улици во Општина Карпош. ЈП „ Градски паркинзи“ ќе работи на расчистување на нивните паркиралишта на територија на Карпош, односно двете кај болницата „ 8 Септември“ ( поранешна Воена болница) и кај тенискиот клуб „ АБЦ“. ЈП „ Водовод и канализација“ ќе работат на расчистување на сливниците, а ќе помогнат и во транспортот на собраните лисја.