КУД „Цветан Димов“ ќе го претставува македонското културно наследство во Пескара, Италија

 

Малите играорци од Културно уметничкото друштво „Цветан Димов“, денеска беа во посета на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. Првиот човек на Општината им го честиташе постигнатиот успех на фестивалот „Гајда“ во радовишкото село Ињево, на  кој  играорците го освоија второто место во конкуренција од 22 фолклорни ансамбли.

Исто така општинскиот татко Јакимовски им посака среќен пат на играорците, кои наредната недела ќе отпатуваат на Меѓународен фестивал во Пескара, Италија. Општина Карпош финансиски ќе го поткрепи овој културно уметнички ансамбл, кој на автентичен фолклорен начин ја претставува локалната самоуправа на домашно  и меѓународно културно поле.

 

Уметничкиот раководител на КУД „ Цветан Димов“ Бранко Јовевски, изрази голема благодарност  до  Општина Карпош, што шеста година по ред го поддржува ова уметничко друштво, и истакна дека оваа година фолклорниот ансамбл одбележал јубилејни  45 години од своето постоење.