Кон крајот на овој месец од 28-30 септември, Општина Карпош на својата територија ќе спроведе голема еколошка акција за собирање на стариот електричен и електронски отпад.  

Во соработка со друштвото за управување со отпад „НУЛА ОТПАД“ ДОО, локалната самоуправа ќе ја реализира оваа активност со цел, карпошани да се ослободат од опасниот отпад кој се наоѓа во нивните домови.

 

Во таа насока, се повикуваат сите граѓани од Општина Карпош да ги пријават старите електрични и електронски апарати од домаќинството, во канцелариите на урбаните заедници.

 

ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД

 

–                    Статични и лаптоп компјутери

–                    Тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки

–                    Домашни телефони и мобилни телефони

–                    MP3 players, монитори, телевизори

–                    Дигитални камери и видео камери

–                    Принтери, скенери и факс машини

–                    Стерео системи

 

ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

 

–         Шпорети,

–         Машини за перење облека и садови

–         Греалки и грејни тела

–         Микробранови печки

–         Клима уреди

–         Машини за правење леб, апарати за кафе и други апарати од домаќинството