Минатата недела во општина Карпош се одржа координативна средба, по повод претстојната голема еколошка акција која ќе се спроведе кон крајот на месец септември. На состанокот присуствуваа стручни лица од колективниот постапувач со електричен и електронски отпад „Нула отпад“ и претставници од општина Карпош.

 

Акцијата за собирање на овој вид отпад, ќе се реализира неколку дена во сите урбани и рурални заедници кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа. Со цел да ги исчистат домовите од опасниот отпад, се повикуваат сите граѓани од општина Карпош да ги пријават старите електрични и електронски апарати од домаќинството во канцеларијата на урбаните заедници.

 

ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД

 

–                    Статични и лаптоп компјутери

–                    Тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки

–                    Домашни телефони и мобилни телефони

–                    MP3 players, монитори, телевизори

–                    Дигитални камери и видео камери

–                    Принтери, скенери и факс машини

–                    Стерео системи

 

ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

 

–         Шпорети,

–         Машини за перење облека и садови

–         Греалки и грејни тела

–         Микробранови печки

–         Клима уреди

–         Машини за правење леб, апарати за кафе и други апарати од домаќинството