Општина Карпош организира голема еко – акција за чистење на Општината, на 13.04.2019 година (сабота), со почеток во 10:00 часот, на повеќе собирни пунктови.

 

Во акцијата ќе се приклучи градоначалникот, општинската администрација, советниците, комуналните служби, како и повеќе јавни личности, граѓански организации, институции и фирми.

 

До овој момент кон акцијата на Општина Карпош се приклучија„Пакомак“, „Acibadem Sistina“, Лабораторијата „Авицена“, групата ДНК, Друштвото за управување со оптад „НУЛА ОТПАД“ и  ЈП Паркови и зеленило.

 

Еко – акцијата ќе започне од повеќе собирни пунктови:

 

·                  Кеј на Вардар (две собирни места):

–                    10:00 часот, под х. „Александар Палас“, кај фитнес зоната;

–                    10:00 часот, крајот на бул. „Илинден“ (патеката што води до мостот „Газела“);

·                  Министерство за економија (ул. „Јуриј Гагарин“ бр.15);

·                  Бул. „Партизански одреди“ (четири собирни места):

–                    10:00 часот, кај автобуската постојка и пекарата „Мал Одмор“ (спроти Симпо);

–                    10:00 часот, пред Симпо;

–                    10:00 часот, кај мостот „Обединети нации“ (кај воените кули);

–                    10:00 часот, спроти воените кули, кај трите бели кули.

·                  Платото на Млечен, пред „Ли“ кафе;

·                  ТЦ Лептокарија (на коцка, пред кафе бар „Ревија“ )

·                  Порта Влае (на плоштад „Делфина“).

 

Општина Карпош ги повикува сите граѓани, фирми, институции и граѓански организации да се приклучат кон оваа акција и преку сопствен пример да покажат грижа за заштита на животната средина.