Денеска, Општина Карпош постави метални столпчиња на тротоарите на ул. Бранислав Нушиќ, на потегот од почетокот на ул. Шекспирова кон булеварот 8-ми Септември, во должина од околу 60 метри заради зголемување на безбедноста на пешаците во населба Карпош 2.

Заштитните столпчиња се ставаа во делот каде што досега  немаше поставено вакви ограничувачи за недозволено  паркирање на автомобили, а беше попречено движењето на минувачите.