Почитувани карпошани,

што се однесува до вчерашниот инцидент на новото детско игралиште спроти Студентскиот дом “Гоце Делчев” според првичните сознанија не станува збор ниту за оштетување ниту за откорнување на лулашка, туку за нејзино намерно уривање.

Констатирано е дека со клуч (крцкалка) се извртени шрафовите и потоа урната, а јажињата беа пресечени со нож. Општина Карпош дополнително ќе бара расчистување на овој вандалски чин.