Втората вечер од COOLтурно Лето Карпош 2019 помина во знакот на детската смеа и македонската поп музика.

Плоштадот „Делфина“ беше полн со дечиња кои со нивните родители со нетрпение го очекуваа Петко и неговата Фамилија.

Потоа започна детската магија, сите во еден глас пееја и другаруваа со хероите од веселата дружина.

 

И втората вечер ја водеше Жаре Еден на Еден, кој со најмладите разменуваше шеги за почетокот на новата учебна година, а присутните ги потсети и на маалскиот живот кој се негува во Влае.

 

Програмата продолжи со перформанс на хорови од Србија, Бугарија, Македонија и Унгарија, кои се неколкудневен фестивал во Скопје, во рамки на „Skopje Sings“. Полека но сигурно плоштадот се полнеше и сите се подготвуваа за кулминација. Со нетрпение се очекуваше нашата позната поп група НОКАУТ.

 

А, потоа се редеа хитовите„Лебедот бел“, „За нас“, „1000 причини за крај“, „Позитиво“, „Знаеш каде да ме најдеш“. Публиката во еден здив ги пееше песните кои оставија трајна вредност во македонската поп музика.

Пере Нокаут не врати во неговата „временска машина“ и приреди музичка вечер за паметење.

Вчеравечер сите се уверија дека и младите и повозрасните знаат и сакаат да се забавуваат со домашните артисти.

 

Вечерва, COOLтурно Лето Карпош 2019 се затвора на платото на „Млечен“ (пред Ли кафе), со почеток од 18:30 часот.