Во текот на изминатата вечер во Општина Карпош беа фрлени 35 тони сол, за полесно топење на снегот и побезбедно движење на граѓаните и сите учесници во сообраќајот.

Денеска продолжи акцијата на зимските служби за чистење на снегот во Карпош. Ангажирани се четири  камиони кои главно се концентрирани на расчистување на повисоките места во Општината, како Жданец, Трнодол, Средно и Горно Нерези и Бардовци. Дополнително, се чистат и повеќе фреквентни улици: „Варшавска“ (во Тафталиџе 1), „Њуделхиска“ (во УЗ Владо Тасевски), „Ловќенска“ (во Козле) и многу други.

На терен активно работат и хигиеничарите кои се дел од комуналните служби на Општината. Тие го чистат снегот со соодветна механизација која го олеснува движењето на граѓаните, како и со лопатки и друга опрема за отстранување на снегот од пред градинките, тротоарите, платоата и пешачките зони. 

Екипите на Општина Карпош постојано ја следат состојба и ги преземаме потребните мерки и активности за целосна сигурност и безбедност на сите граѓани на Карпош.

Како резултат на очекуваните минусни температури, ги повикуваме сите правни лица- фирми да го отстранат снегот од пред нивните објекти, како и граѓаните пред своите индивидуални и колективни домови.