Во населбата Карпош 1, позади гимназијата „Орце Николов“, во  тек е реконструкцијата на улицата „Мирка Гинова“. Започнати се подготвителните активности, при што се отстранува стариот и оштетен асфалт.

Оваа сообраќајница со децении не беше реконструирана, така што со овој инфраструктурен зафат, ќе се подобрат условите за движење на граѓаните кои живеат во овој дел од Карпош.

Претходно, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев склучи Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски за обнова на улицата „Париска“, каде што веќе течат градежните активности на терен.

Инаку, улиците „Мирка Гинова“ и „Шекспирова“ во Карпош 1, како и „Гиго Михајловски“ и „Иван Аговски“ во Карпош 1 се обновуваат со средства и поддршка на Светска банка.

Летниот период од годината е најпогоден за инфраструктурни активности и оттука ги повикуваме сите граѓани на разбирање и почитување на времените сообраќајни режими.