Денеска, во Средно Нерези беше традиционално одбележан празникот Св.Пантелејмон. 

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев заедно со членови од Советот го посетија храмот Св.Пантелејмон, при што се сретнаа со поголем број на граѓани. Во оваа пригода, тие си го честитаа денешниот празник, посакувајќи си добро здравје, среќа и благостојба.

 

Граѓаните разговараа со градоначалникот Богоев и за актуелните проекти во Карпош, раззеленувањето на Општината, како и за инфраструктурните зафати кои беа реализирани во изминатиов период.