Во насока на преземање активности за справување со вирусот на Западно – нилска треска, Општина Карпош ги исклучи четирите фонтани кои се наоѓаат на нејзина територија.
 

Општинските служби го преземаат овој чекор, како превентивна мерка за спречување на појава на ларви и комарци, кои шират вирусни заболувања. За таа цел се исклучени:
-Фонтаната во населбата Бардовци;
-Фонтаната спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“;
-Фонтаната на плоштадот Делфина во Влае; и
Фонтаната во Карпош 3 (спроти Тинекс).
 
Се надеваме на разбирање од карпошани, бидејќи Општина Карпош ја презема оваа мерка во интерес на безбедноста и здравјето на сите жители.
Во оваа пригода, апелираме до нашите сограѓани да се придржуваат до препораките од Институтот за јавно здравје.