Денеска 10.02.2023 (петок) со почеток во 10 часот ќе се одржи дваесет и првата (вонредна) седница на Совет на Општина Карпош. Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитет за туризам и менаџмент Скопје.

За седницата се предлага следниот                                                                             

ДНЕВЕН РЕД

 

  1. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средства на Буџетот на Општина Карпош за 2023 година
  2. Предлог-Одлука за обезбедување средства од Буџетот на Општина Карпош за 2023 година на име солидарна помош во жирални давања за настраданите подрачја во катастрофалниот земјотрес од 6 февруари 2023 година во Република Турција и Сириска Арапска Република
  3. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2023 година
  4. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2023 година
  5. Предлог-Решение за формирање Комисија за реализирање на програмските активности на Општина Карпош од областа на образованието за 2023 година
  6. Предлог-Решение за верификација – именување членови на Советот на Општина Карпош за членови во Комисијата за Карпошово културно лето 2023 и Уметничко творештво – Конкурс за поддршка на проекти од областа на културата за 2023 година
  7. Предлог-Решение за именување – верификација на членови од редот на Советот на Општина Карпош за формирање Комисија за стипендии за талентирани спортисти, жители на Општина Карпош кои учат во VIII и IX одделение, еднократна финансиска поддршка за спорт и рекреација и финансиска поддршка на спортски клубови од подрачјето на Општина Карпош за 2023 година
  8. Предлог-Решение за именување-верификација на членови од Советот на Општина Карпош за формирање Комисија за доделување на финансиска поддршка на проекти од областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2023 година
  9. Предлог-Решение за формирање Комисија за избор на награди за најдобро уреден еко-училишен двор за 2023 година