По официјалното известување на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, ги известуваме нашите сограѓани од населбите Горно Нерези, с. Долно Нерези, средно Водно и село Водно, дека следните примероци на вода за пиење доставени од стручно лице на ЈЗУ ЦЈЗ – Скопје, не одговараат на законските и стручни прописи, заради присутните материи во водата кои се штетни за здравјето.

Во прилог Ви го доставуваме официјалниот документ од Ценатарот за јавно здравје – Скопје, во кој се наведени осумте локации на кои е загадена водата за пиење.